КОСОВО

Протестен марш на Србите на северот на Косово

19.06.2023 09:40

По новите апсења и инциденти, за денеска е закажан протестен марш на Србите на северот на Косово. И натаму е во сила забраната за премин на стока. Лајчак најави разговори во Вашингтон поради ситуацијата на Косово и преземање итни чекори…

По новите апсења и инциденти, за денеска е закажан протестен марш на Србите на северот на Косово, во 13 часот. И натаму е во сила забраната за премин на стока на административните премини.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека ќе отпатува во Вашингтон на интензивни разговори за натамошниот развој на ситуацијата на Косово и преземање итни чекори.

Лајчак на социјалните мрежи потсети дека за време на неговата посета на седиштето на НАТО претходно оваа недела, се сретнал и со заменик генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоан, каде што разговарале за ситуацијата на северот на Косово и се согласиле дека е неопходно да се преземат итни чекори за деескалација.