Судан

ЕУ со поддршка од 20 милиони евра за египетската влада во справување со суданските бегалци

19.06.2023 09:49

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Борел, објави распределба на 20 милиони евра за помош на египетската влада да се справи со приливот на Суданци кои избегаа од војната и преминаа во Египет...

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Борел, објави распределба на 20 милиони евра за помош на египетската влада да се справи со приливот на Суданци кои избегаа од војната и преминаа во Египет.

ЕУ ќе обезбеди итна помош од 20 милиони евра за да помогне во новиот бран судански бегалци на египетската јужна граница. Знам дека не е доволно, знам дека ќе платите многу повеќе, но барем дозволете ни да придонесеме малку во вашата поддршка“, изјави Жозеп Борел, шеф на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Ставот од Брисел, беше презентиран на заедничката прес-конференција во Каиро со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.