ОН: Сосотојбата со човековите права во Украина е влошена

16.05.2014 15:44

Москава вели дека извештајот на ОН е перење на самопрогласената власт во Киев...

На истокот на Украина состојбата во врска со човековите права е загрижувачки влошена, се вели во најновиот извештај на ОН објавен во Киев. Понатаму во текстот се наведуваат многу примери на убиства, мачење киднапирање, заплашување и неколку случаи на сексуално вознемирување. Москва ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека извештајот е необјективен, и дека намерата на извештајот е да се испере самопрогласената власт во Киев. Во меѓувреме, продолжуваат борбите меѓу руските сепаратисти и украинската војска. Во текот на ножта биле гранатирани пунктови во предградијата на Славјанск, а блокирани биле и патиштата до Краматорск.