Литература
Промоција на фотомонографијата „Огледало во Македонија“ во МКЦ
19.06.2023 10:10
Книгата е етнографска фоторепортажа за нашата земја од седумдесетите години на минатиот век...

Вечерва, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде промовирана фотомонографијата „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг. Промотор ќе биде професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија, а модератор Бисера Бендевска.
Книгата е етнографска фоторепортажа за нашата земја од седумдесетите години на минатиот век. Фотографот Фолберг ќе ги претстави фотографиите што ги снимил пред повеќе од 50 години во Скопје.
Нил Фолберг е роден во Сан Франциско во 1950-та година, сега живее во Израел и ја води галеријата „Визија“ во Ерусалим.
