Сообраќај
МВР: 700 санкции за брзо возење
19.06.2023 11:16
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи.
Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место, информираат од МВР.
