УХРМ

Зголемен водостојот на реките во земјава

19.06.2023 12:08

Значително зголемување на водостојот на реките во земјава беше забележано изминативе денови, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, каде во полошкиот дел имаше забележано и локални излевања на реката...

Значително зголемување на водостојот на реките во земјава беше забележано изминативе денови, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, каде во полошкиот дел имаше забележано и локални излевања на реката.

Помалите вештачки акумулации се веќе полни. Поголемиот дел од нив се веќе на прилив, меѓутоа, поголемите сè уште имаат простор да ги акумулираат овие поголем бранови кои се очекуваат во текот на денешниот ден, изјави раководителот на одделението за хидролошки прогнози, базни податоци, студии, информации при УХРМ.

Според него соработката со други земји од клучно значење за справување со поплави, особено кога се работи за меѓугранични сливови.