ПЕКИНГ

Ванг Ји и Антони Блинкен се сретнаа во Пекинг

19.06.2023 12:31

На средбата, Ванг истакна дека посетата на американскиот државен секретар на Пекинг, доаѓа во критичен момент на затегнати односи меѓу Кина и САД и дека оваа посета е одлична можност за конечно да се направи избор меѓу дијалог и конфронтација и соработка и конфликт, меѓу двете земји. Ванг даде сеопфатно објаснување за историската логика и неизбежниот тренд на развојот и подмладување на Кина, објаснувајќи ги карактеристиките на кинеската модернизација...

Членот на Политичкото биро на Централниот комитет на ККП и Директорот на Канцеларијата на Централната комисија за надворешни работи, Ванг Ји, денес се сретна со државниот секретар на САД, Антони Блинкен во Пекинг.

На средбата, Ванг истакна дека посетата на американскиот државен секретар на Пекинг, доаѓа во критичен момент на затегнати односи меѓу Кина и САД и дека оваа посета е одлична можност за конечно да се направи избор меѓу дијалог и конфронтација и соработка и конфликт, меѓу двете земји. Ванг даде сеопфатно објаснување за историската логика и неизбежниот тренд на развојот и подмладување на Кина, објаснувајќи ги карактеристиките на кинеската модернизација.

Ванг побара САД да престанат да ја употребуваат таканаречената „кинеска закана“, да ги укинат нелегалните еднострани санкции против Кина, да престанат да го потиснуваат кинескиот научен и технолошки напредок и да не се мешаат во внатрешните работи на Кина, специјално анализирајќи ја природата на тајванското прашање.

За тајванското прашање, Кина не остава простор за компромис или било какви отстапки. Соединетите Држави мора искрено да се придржуваат до принципот „една Кина“ утврден во трите договори меѓу Кина-САД, почитувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, притоа недвосмислено спротивставувајќи се на „независноста на Тајван“.

Блинкен ги изложи ставовите на САД. Тој истакна дека американската страна е посветена да се врати на агендата поставена од двајцата претседатели за време на нивниот самит на Бали и со нетрпение ја очекува зајакнатата комуникацијата со Кина.

Двете страни размениле мислења и за голем број меѓународни и регионални прашања од заемен интерес.

 

Диме Ратајкоски