Израел
Судир меѓу израелски војници и Палестинци на Западен Брег
19.06.2023 12:35
Израелски војници убиле тројца Палестинци, меѓу кои и малолетник, а раниле најмалку 29 лица во вооружен судир на улиците на градот Џенин, на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство...

Израелски војници убиле тројца Палестинци, меѓу кои и малолетник, а раниле најмалку 29 лица во вооружен судир на улиците на градот Џенин, на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Во борбите биле користени и израелски напаѓачки хеликоптери. Ова е последната во серијата насилства во Западниот Брег во текот на изминатата година.
Палестинското министерство ги идентификуваше загинатите и соопштија дека најмалку шестмина се ранети во тешка состојба.
