Стокхолм

Џафери: Пред нас е уште еден предизвик, потребата од нови уставни измени

19.06.2023 13:07

Пред три децении го почнавме процесот на преминување од формална во суштинска демократија во Северна Македонија, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Конференција за демократија во шведскиот Парламент...

Пред три децении го почнавме процесот на преминување од формална во суштинска демократија во Северна Македонија, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Конференција за демократија во шведскиот Парламент.

„Северна Македонија ги смени уставот во 2001-ва и 2019-та година. Сега повторно пред нас стои предизвик, односно потреба од нови уставни измени предвидени со преговарачката рамка со ЕУ, за вметнување на бугарската заедница во Уставот. Се надевам дека оваа обврска ќе биде завршена за конечно и конкретно да ги почнеме преговорите со унијата.“, изјави Џафери во шведскиот Парламент.

Според него, парламентарците може да дадат голем придонес во надминување на предизвиците поврзани со поделбата на власта, процесите на контрола и демократизација на политичките елити, борбата против корупцијата, заштита и унапредување на човековите права, негување на добрите меѓуетнички односи и дијалог и за развој на парламентарната дипломатија.

Џафери на Конференцијата во Стокхолм предводи собраниска делегација во чиј состав се пратениците Соња Мираковска, Ремзи Мехмеди и Никола Мицевски.