Македонија

МТСП очекува од општините да достават идејни проекти за домови за стари лица

19.06.2023 13:36

Домови за стари лица да има во секој град и со пристапни цени, бараат граѓаните. Министерката за труд и социјална политика со апел до општините да достават идејни проекти за домови чија изградба би била финансирана од државата. Здружението „Нова искра нова надеж“ се залага за дом за лица со посебни потреби во Дојран …

Министерството за труд и социјална политика апелира општинските власти да аплицираат со идејни проекти за изградба на домови за стари согласно потребите. Во моментот со државни пари се гради Дом за стари во Пробиштип, а наскоро и Дом во Кавадарци

Организацијата „Нова искра нова надеж“ се залага за изградба на дом за лица со посебни потреби, кој би бил лоциран во Дојран.

Домот за стари во Штип сè уште не е легализиран и затоа изградбата е стопирана. Штипјани очекуваат брзо решавање на овој проблем.

Домот за стари лица во Берово „Д-р Иван Влашки“ е со капацитет за 39 жители, се планира проширување за уште 28, но потребите во регионот се многу поголеми. Домот во Кочани остана само на хартија откако локалната и централната власт не најдоа компромис за капацитетот на домот, кој беше планиран да згрижи околу 150 лица.

 

Славица Величковска