Евроинтеграции

Црвенковски: Не ги почнавме преговорите поради француската методологија

19.06.2023 13:45

„Ги отворивме, но не ги почнавме преговорите со ЕУ, не поради бугарското вето, туку поради француската методологија“, став на поранешниот шеф на државата, Црвенковски. Порача, сите земји од Западен Балкан да настапат со заедничка иницијатива пред Брисел…

Интеграцијата на Западниот Балкан во Унијата е во застој, со повремени мали исчекори, и во овој момент не постои простор за поголем оптимизам, ниту за наредните неколку години – став на поранешниот македонски претседател Црвенковски. Тој оцени – во ваков амбиент имаме две опции, да останеме пасивни и да се надеваме на чудо или да дадеме идеи кои ќе овозможат одредена интегрираност и пред полноправното членство.

Црвенковски предлага, земјите од Западниот Балкан да побараат од Брисел пристап до заедничкиот пазар и до европските фондови. Оваа иницијатива, која ја образложи амбасадорот Јолевски, нема да биде алтернатива на ЕУ, туку ќе им помогне на земјите од опкружувањето во подобрувањето на економските перформанси, додека самата Унија би ги зајакнала кредибилитетот и влијанието во регионот.

Црвенковски побара на идејата да не и се става партиски печат и да не се користи за дневно-политички конфронтации.

 

Анита Димитријевска Велковска