Пожари во Калифорнија, 125 илјади жители се евакуирани
16.05.2014 15:50
Пламени јазици го „голтаат“ југот на Калифорнија.

Големи пожари им се закануваат на голем број згради на југот во Калифорнија каде што се евакуирани 125 000 лица поради брзото ширење на пламените јазици. Во пожарите се уништени најмалку 20 куќи во областа на Сан Диего, а пожарникарите ги користат сите расположливи средства во борбата со огнената стихија.
„Многу сум вознемирен, но што да кажам, среќен ми е што сум жив“, изјава на еден жител
Калифорнија редовно ја зафажаат големи пожари во текот на летниот период, но овој пожар според експертите, се случува невообичаено рано.
