Косово

Борел ги повика Вучиќ и Курти на кризен состанок во Брисел

19.06.2023 14:19

Мирен протест на Србите во Лепосавиќ на северот на Косово. Шефот на дипломатија на Европската унија, Борел, побарал итен состанок со косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вуќик во Брисел, но датумот сè уште не е прецизиран, соопшти Курти за косовските медиуми...

Мирен протест на Србите во Лепосавиќ на северот на Косово. Бараат ослободување на лицето, уапсено поради нападот на косовска медиумска екипа и ослободување на тројцата Срби, уапсени поради нападите на припадниците на КФОР. Освен во Лепосавиќ, протести се одржаа и во северна Митровица.

Шефот на дипломатија на Европската унија, Борел, побарал итен состанок со косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вуќик во Брисел, но датумот сè уште не е прецизиран, соопшти Курти за косовските медиуми.

Високиот европретставник, Борел, ги покани премиерот Курти и претседателот Вучиќ да дојдат во Брисел на кризен состанок, за да се најде решение за ескалацијата, за којашто сме сведоци и да најдеме начин назад до процесот на имплементација на договорот за дијалог. Датумот на договорот сè уште не е утврден, бидејќи двете страни не го потврдија учеството. Високиот претставник и земјите членки очекуваат поразумен став од партнери кои имаат аспирации да ѝ се придружат на европската унија. Двете страни се поканети и очекуваме да дојдат без предуслови“, изјави портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Петер Стано.