ухмр

Зголемен водостојот на реките во земјава

19.06.2023 14:26

Значително зголемување на водостојот на реките во земјава беше забележано изминативе денови особено во горниот дел од сливот на реката Вардар каде во Полошкиот дел имаше забележано и локални излевања на реката. Помалите вештачки акумулации се веќе полни. Поголемиот дел од нив се веќе на прилив, меѓутоа поголемите сè уште имаат простор да ги акумулираат овие поголем бранови кои се очекуваат во текот на денешниот ден, изјави раководителот на одделението за хидролошки прогнози, базни податоци, студии, информации при УХМР...

Изобилните врнежи предизвикаа значителното зголемување на водостојот на реките во земјава, особено во горниот дел од сливот на Вардар каде што во Полошкиот дел реката се излеа на повеќе места. Во УХМР велат дека помалите вештачки акумулации се веќе полни. Поголемиот дел од нив се на највисокото ниво, но поголемите сè уште имаат простор за акумулирање. Ќе треба и да се испуштат собраните води од досегашните врнежи.

УХМР е домаќин на втората работилница на глобалниот проект – систем за најава на поплави со глобална покриеност. Се говореше и за соработката меѓу државите.

„Многу луѓе користат апликации на своите мобилни, и владата треба да разгледа други начини на информирање за националната хидрометеоролошка служба за да се види што навистина се случува. Овде може да помогнат медиумите за да може сите да бидат информирани да контактираат со хидрометеоролошката служба за добивање на вистинската информација и потоа истата да ја објават навреме“, изјави Јохан Стандер, директор на Светската метеоролошка организација.

Поплавите се глобален проблем затоа што климатските промени се зголемуваат и сега се поинтензивни, велат од Агенцијата на обединетите држави за меѓународен развој.

„Беше потребно речиси една година за да се спроведе системот. Капацитетите за временска прогноза се одлични во Македонија и затоа лесно се приспособија на овој нов систем и веќе се користат со оперативно тестирање“, изјави Сезин Токер од Агенција на обединетите држави за меѓународен развој, биро за хуманитарна помош.

Според министерот Николовски, неопходна е меѓународната соработка и соработката со Светската метеоролошка организација за да се утврдат неопходните насоки за мерките коишто треба Владата да ги преземе.

 

Ана Јосифоска Тодоровска