Предлог-иницијативата за уставни измени најверојатно утре ќе биде усвоена од Владата
Уставните измени се во владата. Се очекува расправање и усвојување на утрешната седница. Власта и опозицијата со непроменети ставови. Мицкоски чека одговор за предлозите. Ковачевски бара продолжување на дијалогот...

Според Ковачевски, лидерската средба со Мицкоски од пред неколку недели дала јасни насоки за позициите на власта и на опозицијата. Премиерот вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се согласил со уставните измени, и покрај дополнителните барања, и тоа е добра појдовна позиција на која работните групи треба да се фокусираат. Очекуваат најголемата опозициска партија да се вклучи во процесот.
„Сите работи кои беа побарани, беа прифатени, и сметам дека треба да се донесе заедно и ВМРО се наоѓа во позиција да нема гласање“, изјави Ковачевски.
Според Мицкоски, во минатото имало обид најголемата опозициска партија да биде дел од разговорите со Бугарија, но било одбиено. На лидерската средбата предупредивме, вели лидерот на опозицијата, дека тоа што тие планираат да го прифатат, нема да помине. Власта останала глува на нашите барања, и затоа е решението на постоечката политичка криза се предвремени парламентарни избори.
Министерот за правда, Лога потврди дека предлог-иницијативата за уставни измени е во владина постапка, и очекува да биде разгледана и усвоена на утрешната седница на Владата.
Марина Стојанова Тонева
