Месецов резултати од државната матура
Прашањата за државната матура не беа пробиени, туку тие излегоа во тек на реализација на државната матура-вели министерот Шаќири. Очекува до крајот на месецот резултатите од државната матура да бидат готови, доколку има нерегуларности ќе има заклучоци по што ќе се одлучува за следните чекори. Сè уште неизвесно дали ќе биде одложен летниот распуст...

Наместо на први септември, учебната година да почне подоцна, односно кон средината на месецот – наставниците и синдикатите го разгледуваат предлогот на Министерството за образование. Се размислува и за воведување на пролетен распуст, наставата да заврши кон крајот на јуни. Министерот Шаќири, вели предлозите не се доставени до Владата, но има доволно време до септември. Анализите, кој предлог е прифатлив за наставниците и синдикатите ќе бидат завршени наредната недела.
„Дел од овие предлози ние како министерство, ги имаме слушнато од дел од родителите, дел од наставниот кадар, но сепак за секој предлог треба да одлучува владата. Ако одлучиме за 1 септември, ќе биде одлуката в петок, ако одлучиме за втората варијанта продолжување во средината на месец септември, сега да не одредуваме датуми и третата варијанта е почнување од 1 септември, но да имаат и пролетен распуст“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.
Според Шаќири, новата учебна година ќе почне без проблеми, ќе има учебници уште од самиот почеток.
Во однос на државната матура, го повтори ставот на Државниот испитен центар, прашањата не биле откриени, туку се дознале во текот на полагањето. Очекува до крајот на месецот, резултатите од државната матура да бидат готови, доколку има нерегуларности ќе има и заклучоци и мерки, вели министерот.
Андријана Ѓурческа
