Временска прогноза

Сончево време со мала локална облачност

20.06.2023 08:18

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен.