САД

Бајден: Американско-кинеските односи се на добар пат

20.06.2023 09:14

Бајден вели дека е постигнат напредок за време на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг...

Американскиот претседател Џо Бајден верува дека односите со Кина се на добар пат. Додава дека е постигнат и напредок за време на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.

Освен прашањето за Тајван, меѓу поважните прашања се технолошките војни, американските санкции против кинеските дигитални гиганти, трговските прашања, односот кон муслиманската заедница Ујгури и кинеските претензии за Јужното Кинеско Море.