УКРАИНА

Киев: Допрва следува најголемиот удар

20.06.2023 09:27

Киев предупреди – најголемиот удар во украинската контраофанзива допрва следува, но операцијата е тешка бидејќи Русија прави се за да ја запре...

Киев предупреди – најголемиот удар во украинската контраофанзива допрва следува, но операцијата е тешка бидејќи Русија прави се за да ја запре. Напади се регистрирани во Киев, Запорожје и Лавов. Според Блумберг, Европската унија подготвува пакет финансиска помош во вредност од 50 милијарди евра.

Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто смета дека Европа направила две грешки во војната. Првата е што се вовлекла длабоко во политиката на санкции, а втората – што не се откажа од ривалството во САД во тоа кој ќе и пружи поголема помош на Украина.