Уганда

УГАНДА: Приведени 20 можни соработници на исламистичка група по училишниот масакр

20.06.2023 09:28

Меѓу приведените е и директорот на училиштето...

20 лица се приведени на сослушување за можна улога во масакрот на 42 лица кој во петокот го изврши исламистичката група „Сојузнички демократски сили“. Меѓу приведените е и директорот на училиштето. При упадот во средното училиште „Лубирира“ во Мпондве запалиле ученички дом за момчиња, а во домот за девојки извршиле масакр со мачети. 
 
АДФ е основана во текот на 1990-тите во Уганда. Со години се бори против владата на претседателот Јовери Мусевени од нивната база во планините Рвензори кои ја делат Уганда од Конго.