Ќе оживее споменот за црквата во мавровско езеро, потопена пред 50 години
16.05.2014 16:30
„Хафингтон пост“- американски портал, ја смести црквата во мавровското езеро во листата на најмагичните верски објекти во светот, информираат од Театрикс.

Проектот за заживување, обнова и заштита на црквата „Свети Никола“, која во 1952-рата е потопена во Мавровското езеро денеска ќе биде презентиран во Студиото Театрикс од Скопје.
Изградена во 1850 година и конципирана како трикоробна црква со петострана апсида, кула камбанарија и иконостас изработен од Дичо Зограф, прочуен мајстор зограф од реканскиот регион.
Црквата „Свети Никола“ беше потопена во езерото во 1952 година и е неизбежен симбол на Мавровското езеро која постојано е публикувана во разните туристички материјали во светот. Вредниот иконостас и другите предмети од црквата се спасени и конзервирани откако беше потопена. Таа е евидентиран споменик на културата, но во последната катастарска снимка на Македонија не е регистрирана како постоечки објект.