Русија изврши голем напад врз Украина
Цел на беше Киев и градовите од исток кон запад, а голем дел од земјата ја помина ноќта со сирени за воздушен напад...

Ноќта, Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина. Цел беше Киев и градовите од исток кон запад, а голем дел од земјата ја помина ноќта со сирени за воздушен напад. Украинските вооружени сили соопштија дека собориле 28 од 30-те беспилотни летала, лансирани од Русија.
„Без разлика кој во Русија вели дека нашите патриоти се уништени, тие сè уште се тука, соборуваат руски ракети. Што се однесува до терористичката држава, нивната единствена грижа сега треба да биде како да го подготват своето општество, руското општество, за тоа дека ќе изгубат сè, тие ја уништуваат иднината на својата држава“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека поради украинското гранатирање на областите на источниот брег на Дњепар, за претставниците на ОН е небезбедно да ги посетат областите под контрола на Русија, а погодени од поплавите.
„Има многу прашања како да се премине линијата за контакт, да се обезбеди безбедност. Знаете дека има постојано гранатирање, постојани провокации, цивилни објекти и цивилно население се на удар, луѓе се убиени“, изјави Песков.
