Конференција

Отпорност кон влијанијата на дезинформациите

20.06.2023 13:28

Македонија е релативно лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата институционална отпорност, вели претседателот Пенаровски. Смета дека борбата против корупцијата е повеќе присутна во политичките декларации отколку во реалноста, а корумпираните политичари се секогаш најмалку резистентни кон малигните влијанија. Холандскиот амбасадор Коп, рече дека борбата со дезинформации бара општествен одговор и законска регулатива...

Македонија е лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата институционална отпорност кон нив, посочи претседателот Пендаровски на конференција посветена на овој проблем. Шефот на државата оцени дека борбата против корупцијата е повеќе присутна во политичките декларации отколку во реалноста, а корумпираните политичари се секогаш најподложни на ваквите малигни влијанија.

Холандскиот амбасадор Коп смета дека борбата со дезинформациите бара системско решение и законска регулатива.

Најдобар начин за справување со дезинформациите е сите информации да и бидат достапни на јавноста и граѓаните да бидат обучени да ги проверуваат вестите на социјалните мрежи пред да им веруваат, истакнаа учесниците на конференцијата.

 

Ирина Гелевска