Се трага по исчезнатата подморница „Титан“ со екипа од истражувачи и бизнисмени
Ни трага ни глас од исчезнатата подморница „Титан“ која нурнала во Атлантикот по остатоците на „Титаник“. Во екипата имало истражувачи и бизнисмени. Операцијата за пребарување и спасување ја предводи американската крајбрежна стража...

Во Aтлантскиот океан кај Канада исчезна подморница со пет лица што ги водат богатите авантуристи на патување од 250.000 долари за да ги видат остатоците од бродот „Титаник“ кој потонаа во 1912 година.
„Длабокото нуркање под вода е многу опасно. Но, тоа е висока технологија, и секоја година опремата станува се подобра. Имам многу надеж и многу сум позитивен. Имаме сопствен систем за дишење. Бев таму долу вкупно 12 часа во подморницата. Новата технологија очигледно може да го продолжи и тоа“, изјави Лери Дејли- „Њуфаундленд и лабрадор „Титаник“.
Меѓу исчезнатите е Хамиш Хардинг, британскиот милијардер и претседател на авијациската консултантска компанија „Екшн Авиејшн“. Во 2016 година, Хардинг го придружуваше поранешниот астронаут Баз Олдрин на јужниот пол, кога Олдрин стана најстариот човек кој некогаш стигнал до регионот на Антарктикот, на 86 години. Хардинг беше и во мисијата на летот „Уште една орбита“ во 2019 година, кога постави рекорд за најбрзо обиколување на земјата со авион преку двата географски пола.
Истакнат пакистански бизнисмен и неговиот син се меѓу петте лица на подморницата. Туристичкото пловило го почнало своето спуштање во неделата, но, изгубило контакт со површината по помалку од два часа. Подморницата беше управувана од океанска експедиција.
Марина Ристова
