Фестивал

Културен настан за спој на три култури во Преспа

20.06.2023 17:48

Жителите од трите земји ќе испратат порака за европска Преспа без граници. Фестивалот ќе започне во селото Брајчино, каде уметникот Никола Узуновски подготвува изложба и екоарт инсталации во природата...

Од 23 до 25 јуни, по петти пат на тромеѓето на Преспанското Езеро ќе се одржи фестивал – спој на музиката, уметноста, традицијата, гастрономијата и работилници за иден развој на туризмот во овој регион.

Жителите од трите земји ќе испратат порака за европска Преспа без граници. Фестивалот ќе започне во селото Брајчино, каде уметникот Никола Узуновски подготвува изложба и екоарт инсталации во природата.

Овој уникатен фестивал ветува незаборавно искуство, преку еуфорична прослава на единството, креативноста и заедничкото наследство.