Македонија

Рамиз Мерко е ставен на црната листа на САД поради корупција

20.06.2023 21:36

Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавно процеси, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер...

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави. Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавно процеси, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Се додава и дека ваквото однесување влијаело во намалување на довербата на населението во македонските демократски институции.

Ова е отворена порака од Соединетите Американски Држави до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските институции и владеење на правото и со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата, се вели во соопштението на Стејт департментот.

 

Марија Котовска