Културна манифестација на „Отворен Балкан“ во Белград
Започна иницијативата „Отворен Балкан“ на културно поле со Гала-концерт на Зубин Мехта и Филхармонијата во Белград, на кој присуствуваше и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска..

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува со реализација вечерва со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по што ќе следи гостување на 24 јуни во Скопје.
Иницијативата ОБ беше создадена најпрвин како платформа, важна за економска соработка на трите земји, и еве вечерва таа дефинитивно се прошири и на културниот сегмент, изјави српската министерка за култура.
„Ова е наш прв заеднички проект, гостување на белградската филхармонија, како овде во Белград, така и во Скопје и во Тирана. Многу брзо за неколку недели ќе имаме заедничка изложба на три ликовни уметници од нашите три држави, во Културниот центар на Србија во Париз и преку ликовната уметност ќе покажеме колку нашите култури се, помалку различни но историски и културолошки испреплетени, што ќе биде интересно да се види во Париз таа различност и сличност преку нашето културно наследство“,изјави Маја Гојковиќ – Министер за култура на Р.Србија.
Диригентот Зубин Мехта, со својот успешен настап во Белград, ја започна својата регионална турнеја како дел од иницијативата Отворен Балкан, а ќе ја предводи Филхармонијата на концертите во Тирана на 22 јуни и во Скопје на 24 јуни.
На програмата на сите три концерти се „Симфонијата бр. 7“ од Лудвиг Ван Бетовен и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз.
Оливер Бранковиќ
