Прва дебата на кандидатите за претседател на ЕК- главна тема политиката на штедење
Петте кандидати за председател на Европската комисија вчера вечер се соочија во првата телевизиска дебата пренесена директно во сите земји членки на Европската Унија.

Клучни теми на дебата беа еврокризата, невработеноста и имиграциската политика.
Лидерот на грчката левичарска партија Сириза, Алексис Ципрас, остро ја критикуваше европската политика на штедење и заговараше повеќе долгови. Ова практично се коси со актуелната европска политика.
„Ако продолжиме со овие катастрофални политики на штедење, тогаш неможе да се најде решение за невработеноста“, истакна Ципрас.
На ваквиот став реплицираше централно-десничарскиот кандидат Жан- Клод Јункер кој беше председател на Еврогрупата за време на кризата.
„Прифаќам многу забелешки, но никогаш нема да прифатам дека не бевме доволно солидарни со Грција“, рече Јункер.
Поранешниот премиер на Луксмебург како решение за економските проблеми во Европа го предложи договорт за слободна тговија со САД.
„Ако ние склучиме договор за слободна трговија со САД, секое европско домаќинство ќе заработи 545 € екстра“, истакна Јункер.
Дебатата не понуди голема различност во идеи за решавање на кризата.
Ска Кеслер од партијата на Зелените исто така е против мерките за штедење, и поодлучна борба против затајувачите на данокот.
Ваков предлог има е актуелниот председател на европарламентот Марин Шулц, кој вели дека економската кризата би ја решавал и со посебна програма за креидтирање на малите и средните претпријатија со повластени камати.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
