Временска прогноза

Сончево време со мала локална облачност

21.06.2023 08:13

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.