Влада

Вицепремиерот Битиќи на отворањето на нов производствен погон на американската компанија Теламон

21.06.2023 08:35

Како што соопштуваат од владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи денеска ќе се обрати на свеченото отворање на нов производствен погон од 2.100 метри квадратни на американската компанија Теламон...

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе се обрати на свеченото отворање на нов производствен погон од 2.100 метри квадратни на американската компанија Теламон со примарна дејност производство на електрични кабли за автомобилската индустрија, со што е проектирано отворање на 300 нови работни места- стои во соопштението од владината прес-служба.