Култура

Промоција на стихозбирката „Македонски погледи“ од Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза

21.06.2023 09:41

Вечерва, во 18.30, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар – Скопје ќе биде промовирана четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи“ од авторите Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза...

Вечерва, во 18.30, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар – Скопје ќе биде промовирана четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи“ од авторите Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза.

Промотор на книгата е Владимир Мартиновски, а модератор е Јулијана Величковска. Стиховите на македонски ќе ги чита Христина Цветаноска.

Книгата е поетско патување на двајца дипломати и пријатели, дијалог на погледи, јазици и емоции низ оваа прекрасна земја, се вели во најавата.