Продолжуваат борбите на истокот на земјата
Украинските сили тврдат дека напредуваат во регионот Запорожје и успеваат да го спречат напредокот на руската војска на истокот од земјата, истакнувајќи дека се водат жестоки битки во близина до Лиман и Доњецк...

Две беспилотни летала изутрина повторно забележани во близина до воено складиште во московската област-тврдат руските власти. Пронајдени се остатоците и нема штети или жртви. Украинските сили тврдат дека напредуваат во регионот Запорожје и успеваат да го спречат напредокот на руската војска на истокот од земјата, истакнувајќи дека се водат жестоки битки во близина до Лиман и Доњецк.
„Нашите војници на југ и на исток активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина. Одбраната од теророт значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш нема да има можност да и донесе зло на Украина“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Руското воздухопловство пак, тврди дека успеале да го спречат украинскиот пробив во Доњецката Народна Република. Шефот на НАТО призна дека Украина се соочува со тешкотии во контраофанзивата и најави дека ќе и помогне во модернизација на украинската војска.
