Хондурас

Над 40 жртви во нереди во женски затвор во Тамара

21.06.2023 10:00

Повеќето од жртвите се изгорени или избодени до смрт-изјави портпаролот на полицијата...

Најмалку 41 лице загина во конфликт меѓу ривалските банди во женски затвор во Тамара, северозападно од главниот град на Хондурас. Повеќето од жртвите се изгорени или избодени до смрт-изјави портпаролот на полицијата. Тамошното Министерството за безбедност го осуди вандализмот и прогласи вонредна состојба.

Во момент на бунтот во затворот имало околу 900 жени. Припадници на полицијата и војската беа распоредени околу затворот, каде се собраа и роднини на затвореничките.