САД
Бајден го нарече Џинпинг „диктатор“
21.06.2023 10:02
Пекинг не ја коментираше изјавата на Бајден...

Американскиот претседател Бајден го нарече својот кинески колега Џинпинг „диктатор“, ден откако државниот секретар Блинкен го посети Пекинг во обид да ги стабилизира односите со Кина. И додека Блинкен на средбата со Си, се обиде да го прекинe поглавјето за наводниот кинески шпионски балон, Бајден даде личен коментар, велејќи дека голема срамота за диктаторите е кога не знаат што се случило, алудирајќи на соборениот балон кој носел шпионска опрема за која Џинпинг не знаел.
Пекинг не ја коментираше изјавата на Бајден. Северна Кореја посетата на американскиот државен секретар на Кина ја оцени како „просјачко патување“.
