Атлантски Океан

Исчезна подморницата „Титан“

21.06.2023 10:04

Спасувачите тврдат дека слушнале звуци од тропање. ..

Голема операција на спасувачките екипи од САД и од Канада по туристичката подморница „Титан“ што исчезна на патот до потонатиот „Титаник“ во Атлантикот. Спасувачите тврдат дека слушнале звуци од тропање. Се претпоставува дека последен пат била контактирана пред нејзиното конечно одредиште. Еден од најбогатите Пакистанци и неговиот син се меѓу петте луѓе кои тргнаа со пловилото да го разгледаат потонатиот брод. Се верува дека има кислород да издржи под вода до четврток напладне.