Бела куќа

Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

21.06.2023 10:19

Американскиот претседател Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан...

Американскиот претседател Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан.

Актите на екстремистичко насилство и активност на опструкција, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, вели Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.