Македонија

Денеска почнува летото

21.06.2023 10:19

На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот...

Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

Во исто време, на јужната хемисфера на Земјата започнува зимата.

Летото завршува во петок, 23 септември 2023 година, во 8:49 часот.