Регион
Дојава за бомби во неколку болници, факултети и на аеродромот во Белград
21.06.2023 11:15
Дојави за бомби пристигнале на адреси на повеќе институции во Белград, објавија српските медиуми...

Дојави за бомби пристигнале на адреси на повеќе институции во Белград, објавија српските медиуми.
Дојави стигнале на Правниот факултет и Електротехничкиот факултет (ЕТФ) во Белград, потоа Клиничко болничкиот центар Ѕвездара и Воено медицинската академија (ВМА), како и аеродромот Никола Тесла.
Повеќе луѓе се наоѓаат пред зградите на болниците и факултетите.
Проверките на полицијата се во тек.
