Косово

Мирна ноќ на северот на Косово, камионите и натаму заглавени

21.06.2023 11:27

Граѓаните продолжуваат да се собираат пред општините и бараат ослободување на уапсените Срби и повлекување на специјалците...

На северот на Косово ноќта мина мирно. Граѓаните продолжуваат да се собираат пред општините и бараат ослободување на уапсените Срби и повлекување на специјалците. Состојбата на административните пунктови се влошува. Блокиран е преминот на сите товарни камиони. Ова го направија возачите на камиони со српски регистарски таблички во знак на протест дека една недела не можат да влезат на Косово, додека нивната роба се расипува и роковите за испорака се изминати, поради што имаат милионски штети.

Во рудар, меѓу Куршумлија и административниот премин Мердара, веќе трет ден се собираат мештани и камионџии кои живеат од транспорт на стока и не дозволуваат движење на камиони и автобуси со косовски таблички. Спрпските медиуми пренесуваат дека околу 700 камиони чекаат на паркинзи од Краљево до Јариња поради блокадата.