Македонија

Европратениците Валсман и Ќучук во посета на македонското Собрание

21.06.2023 12:07

Европратениците, олеснувачи на процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман и Илхан Ќучук, денеска имаат средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери...

Европратениците, олеснувачи на процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман и Илхан Ќучук, денеска имаат средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Европратениците одржаа и кратка подготвителна сесија со работната група за учество на Дијалогот Жан Моне.

Во рамките на посетата, европратениците ќе имаат поединечни средби и со потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и со координаторите и претставниците на политичките партии застапени во Собранието.