МВР

Санкционирани 360 возачи за брзо возење

21.06.2023 12:17

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 360 возачи.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, од кои едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место, информираат од МВР.