9-то издание на „Битола Шекспир Фестивал“ почнува во петок под мотото „Судбината за играчка ме има“
Под мотото „Судбината за играчка ме има“ со атрактивна музичко сценска понуда во петок свечено ќе биде отворено 9-то издание на „Битола Шекспир Фестивал“ кој ќе биде во рамките на 15-то Битолското културно лето. Фестивалот свечено ќе биде отворен со претставата „Макбет“ во режија на Никита Миловојевич од Србија и ќе трае до 29-ти јуни …

Љубителите на театарот и почитувачите на големиот автор Вилијам Шекспир од 23 до 29 јуни ќе можат да проследат повеќе театарски претстави и музички активности на сцената на народниот театар во Битола.
„Судбината за играчка ме има“ е овогодинешното мото на Фестивалот. Реплика која ја кажува Ромео, после која се променува текот на неговиот живот. Сите ние живееме во време каде што судбината се почесто се поигрува со нас, затоа мораме повеќе да се снаоѓаме отколку реално да живееме - рече Лина Чоревска.
„Токму тоа ја потврдува големината на Шекспир, секоја негова реплика како и оваа „Судбината за играчка ме има“, којашто ја напишал пред толку многу години, звучи толку многу автентично како да е кажана денес од било кое младо дете коешто можеме да го сретнеме и да разговараме на улица“, изјави Лина Чоревска, уметнички директор.
Фестивалот свечено ќе биде отворен со претставата „Макбет“ во режија на Никита Миливојевиќ, во продукција на „Шекспир фестивал Србија“. Во следните денови меѓу друго публиката може да го проследи документарен филм „Во чест на великанот Шекспир“ на Лидија Спировска и танцова претстава „Лејди Макбед“, на Скопскиот танцов театар. Оваа година фестивалот со мали новини -открива диреторот Јеречиќ.
„Оваа година решивме програмата да ја разбиеме во два блока и еден блок од уште две претстави „Денот на убиствата во историјата на Хамлет“ во режија на Маријан Нечак и втората претстава „Хамлет во режија на Бранко Брезовац“, изјави Иван Јеричиќ, директор на народниот театар Битола.
Фестивалот завршува на 29-ти јуни со свечен концерт на Марија Жуао и „Огре Електрик квартет“ од Португалија, кои со музички импровизации на текстови од Шекспир ќе се претстават пред публиката.
Александра Максимовска
