Зголемен бројот на претставки за дискриминација кај Народниот правобранител
Кај Народниот правобранител пристигнале 33 проценти повеќе претставки од граѓаните за дискриминација. Најмногу од нив се однесуваат за вработување и пристапот до јавните услуги...

Пораст од 33 насто на претставки за дискриминација пристигнале од граѓани кај Народниот правобранител. Најмногу од нив се однесуваат за вработување и за пристапот до јавните услуги. Омбудсманот оцени дека нема совршено општество, но прашањето е колку сме сите подготвени да го направиме најдоброто за да ја искорениме нерамноправноста.
Земјава е потписник и има ратификувано Меѓународни конвенции кон чие спроведување посветено се пристапува-уверува Тренчевска. Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се усогласува законодавството со меѓународните стандарди. Министерката признава дека за целосно исполнување на целта е неопходна интензивна работа.
Целта на проектот е подобрување на ефективната заштита против дискриминацијата, со зајакнување и постојната регулатива.
Ана Јосифоска Тодоровска
