Македонија

За 40 насто зголемени платите на наставниот кадар

21.06.2023 14:24

Колективниот договор за високото образование и наука потпишан пред две години целосно е реализиран. Платите на вработените се покачени за 40 насто, велат од Независниот академски синдикат...

Гранскиот колективен договор за високо образование и наука, потпишан пред две години, се реализира во целост со три турнуса на покачување, двапати од по 10 насто и со мајската плата годинава за дополнителни 18 проценти. Очекуваат, од наредната година со јануарската или февруарската плата да добијат уште 25 насто зголемен личен доход.

Наставно-научниот кадар е задоволен со исполнувањето на сите одредби од колективниот договорот, со оглед на тоа што во минатото, доцент доктор на факултет земаше плата пониска од просечната плата во државава.

СОНК се противи на методологијата на плати што ја предлага Владата, зашто со предлогот во општиот колективен договор за јавниот сектор, платите ќе растат линеарно по забавена динамика, во рок од пет години.

Игор Панов