ШТИП

Нови лесни оклопни возила за лесната пешадиска бригада на АРМ

21.06.2023 14:32

Армијата секогаш е подготвена за извршување на наменските задачи, но со модернизацијата која е во тек, значително ќе се зголеми борбената готовност, беше кажано денес во Касарната „Јане Сандански“ во Штип каде имаше презентација на новите 32 лесни оклопни возила набавени со помош од НАТО. На презентацијата присуствуваше и американската амбасадорка Агелер …

Со триесет и две нови лесни оклопни возила е подновен возниот парк на Касарната „Јане Сандански“ во Штип. На денешната презентација Министерката за одбрана истакна дека армијата се модернизира согласно целите и стандардите на НАТО

Во наредните две години Армијата ќе биде опремена со нови 42 оклопни транспортери

„Не можете да имате силна армија ако имате само опрема и вооружување, без притоа да се инвестира во човечкиот потенцијал“ истакна министерката Петровска и најави измени во Законот за служба во армијата со цел да се подобрат условите за работа на припадниците на АРМ.

 

Славица Величковска