Реакции откако Мерко се најде на црната листа на САД
Министерот за образование од редовите на ДУИ, Јетон Шаќири, вели дека секогаш била за ветинг на фунционерите од извршната и локалната власт. ВМРО-ДПМНЕ со реакција – Демократската унија за интергација е криминализирана структура. Алетрантива со став - скандал на нашата политичка сцена...

ДУИ секогаш била за ветинг на функционерите од извршната и локалната власт – вели министерот за образование Шаќири, по ставањето на неговиот сопартиец Рамиз Мерко на црната листа на САД.
ДУИ е криминализирана структура, а Рамиз Мерко е вмешан во значителна корупција, велат во ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на соопштението на САД. Од партијата, велат дека подолг период алармирале за злоупотреба на буџетски средства и за тоа давале аргументи, а сега и Стејт департментот увидел оти Мерко злоупотребувал фондови и се мешал во судски постапки.
„Најголемиот проблем на владеењето на ДУИ е корупцијата. Тоа го потврди и нашиот стратешки партнер. По Холандија, и САД му стави печат на ДУИ, како партија со корумпирани кадри кои влијаат врз правосудството. Ова е невиден скандал досега во нашата политичка сцена“, велат во „Алтернатива“.
За „Алтернатива“ сега е јасно, како што велат, дека е неопходно да се прифати нивниот предлог-амандман за уставно санкционирање на предметите поврзани со корупција, така што тие никогаш не ќе можат да застарат
Миле Ристески
