Кумановскиот монопол на продажба
Со почетна цена од 14 милиони евра и со двојно повисоки утврдени побарувања, тутунскиот комбинат од Куманово конечно е ставен на продажба. Кумановчани се надеваат дека брзо ќе се најде инвеститор и дека градот ќе заживее. Инаку последен сопственик на комбинатот беше Бајруш Сеидиу кој лежи во затвор поради организиран криминал...

По извршениот попис согласно стечајната постоапка ,вкупниот имот на тутунскиот комбинат Боро Петрушевски Папучар Куманово е проценет на 14 милиони евра. Монополот ќе се продава во пакет, по електронски пат, без почетна цена. Веќе имало неколку посети на заинтересирани купувачи, кои дошле со нивни стручни лица да ја видат состојбата, пред се опремата и на машините.
Се очекува наскоро да влезе нов инвестирор кој ќе го обнови производството и ќе понуди програма со нови вработувања.
Но, влез на нов инвеститор може да се очекува откако ќе завршат сите постапки во врска со имотот на комбинатот.
„Еден дел од имотот е влезен во кривична постапка тој дел нема биде предмет на впаричување.Обврските на комбинатот се утвредени согласно решението за утврдени побарувања и тие се движат некаде во висина од 25 милиони евра изјави“, Зоран Денковски стечаен управник на Кумановски монопол.
Поранешните вработени веруваат дека некогашниот тутунски гигант може повторно да работи рентабилно.
„Повторното работење на фабриката ќе донесе бројни бенефиции на град Куманово. Кога ќе почне да произведува комбинатот ќе се вработат луѓето, а истотака ќе се врати традицијата на садење на тутун во липковкиот регион“, вели Слободан Павловски поранешен вработен во Тутунски комбинат Куманово.
Последниот сопственик на комбинатот, Бајруш Сејдију го купи контролниот пакет акции за 250.000 евра. Во акцијата „Пепел“ беше уапсен за организиран криминал и издржува затворската казна.За време на транзицијата од 2003-та наваму производството во комбинатот се одвиваше со долги прекини поради зачестени блокади на жиро-сметката од страна на УЈП, поради што и платите на вработените доцнеа,а не беа ретки ни штрајковите.
Габриела Димковиќ
