МВР
Приведен бегалец од затвор, осуден на 16 години затворска казна
21.06.2023 19:54
СВР Битола по распишана централна потерница од слобода го лиши Р. Р.(60) од с. Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп. Р.Р. е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело „убиство“ по чл. 123 од КЗ, а за доиздржување има 9 години и 7 месеци.

Денеска криминалистичката полиција при СВР Битола по распишана централна потерница од слобода го лиши Р. Р.(60) од с. Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп. Р.Р. е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело „убиство“ по чл. 123 од КЗ, а за доиздржување има 9 години и 7 месеци.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.
