Временска прогноза
Сончево и топло време со локална облачност
22.06.2023 08:15
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 8. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.
