Нема опасност за поплави во Македонија!

16.05.2014 17:21

Врнежливо време ќе имаме само утре, потоа следува стабилизација на времето.

Акомулациите и водотеците се во стабилна состојба. Единствено критична е реката Пчиња. Водостојот е за еден и пол пат поголем од мај минатата година. Координативното тело апелира до општините Куманово, Старо Негоричане и Петровец да ги вклучат сите капацитети. Да се подготват за евентуални излевања особено поради опасноста од надоаѓање на водите од соседна србија што би можеле да го зголемат нејзиното ниво. 

„Состојбата на реката Пчиња се следи, добиваме информации на секои два часа, ако има потроба ќе бидат преземени дополнителни мерки“, вели министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.

Координативното тело препорача и другите општини будно да ја следат ситуацијата. Повикувада не се испуштаат водите од акумулацијата калиманци и хидросистемот злетовица. Врнежите од дожд нема да им напакостат на земјоделските култури, тврди ресорниот министер. Дури и во облешево и Чешиново кадешто имаше поплавени површини веќе се повлекла водата и, според него, нема опасност за оризовите полиња.

„Сите оние штети кои беа околу наталожувањето на мил се санирани, останатите површини се во добра кондиција“, вели министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Димовски.

Можно е евентуално доцнење на пролетната сеидба на житарки, но без последици по родот. Владата најави помош за пчеларите поради тоа што доцни цветањето на Багремот.

Од координативното тело потврдија дека ниту Србија ниту Босна и Херцеговина сеуште не упатиле повик за помош, но доколку е потребно земјава е подготвена да им ја укаже. 

Фиљана Кока